Нашата најреномирана 3×3 екипа, Кино Влае учестуваше на Рода првенството на Србија во Митровица, со малку изменет состав и го освои второто место и сребреното одличје. Во финалето загубија од повеќекратниот победник, воедно и домаќин на турнирот, екипата Хил Топ.
Екипата на Кино Влае составена од Христијан Ристов, Милорад Миновски и Блажо Митков беше придружена од Фатјон Реџа кој го замени Марко Дујкович, кој сеуште се нема приклучено на припремите после добрата сезона во Шведска и освоената награда за најдобар центар.
Ова го означува почетокот на припремите на екипата Кино Влае, во лето каде што ги очекуваат турнири на домашната сцена, но и многу меѓународни турнири во соседните земји. Освен тоа во зависност од распоредот и обврските екипата припремите може да ги одработи и со кратки посети на елитни турнири во Германија, Шведска, Франција, Шпанија, Виетнам и Америка каде што имаат директни покани од организаторите.
Менаџерот Димитри Лазаревски изјави дека екипата ги разгледува сите опции за интернационални турнири и се обидува да направи оптимален план за летото, во кое сакаат да изиграат што повеќе турнири на меѓународната сцена, а дополнително размислуваат за едно странско засилување со докажано реноме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА