400 гола на Меси за нов историски рекорд

Лео Меси фудбалската големина ја потврдува на теренот во речиси секој настап, а успешно ги пополнува и статистичките категории кои се сериозни показатели за неговиот неспорен квалитет.

Меси стана првиот играч кој постигнал 400 гола во една од петте најсилни европски лиги, а само вториот по Кристијано Роналдо која ја пробил бариерата од 400 погодоци, со тоа што постигнувањето на Португалецот е во три конкуренции, Англија, Шпанија и Италија. Роналдо има 409 гола на 507 натпревари, додека Меси до бројката од 400 погодоци дојде 63 порано од големиот ривал.

Аргентинската ѕвезда е рекордер по бројот на постигнати голови во Ла Лига. И во оваа трка зад него е Роналдо со 311 погодоци.

400. гол Меси го постигна во победата на Барселона над Еибар. Каталонците се на врвот на најсилната шпанска фудбалска конкуренција.

 

Се вчитува...