41-годишниот Карловиќ, по 26 години, го надмина Џими Конорс

Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ запиша победа во првиот настап во новата сезона совладувајќи го Шпанецот Пабло Андухар (59. на АТП листата) со 6-3, 5-7, 6-4 во 1. коло на АТП турнирот во Делреј бич.

Во втората меѓусебна пресметка со Андухар, 41-годишниот Карловиќ стигна до првиот триумф запишувајќи 27 аса. Со оваа победа Карловиќ е најстариот играч, уште од Џими Конорс, кој победил на еден АТП турнир. Конорс го чуваше за себе овој рекорд од 1995 година.

Карловиќ, кој е на 145. место на АТП листата, во второто коло го чека пресметката со 28-годишниот Еквадорец Роберто Квирос (293. на АТП листата).

Се вчитува...