5-5-0 формација не поминува ниту против Мајорка – Муричи го тресна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид загуби со 1-0 на гостувањето кај Мајорка во натпревар од 31. коло во шпанската Ла лига. Иако избраниците на Чоло Симеоне го имаа поседот, сепак со ништо не покажаа дека се подобар противник, па на крајот домаќинот дојде и до заслужена победа.

Клучниот момент во мечот се случи во 68. минута кога Муричи од пенал донесе три бода за домаќините.

Атлетико Мадрид сега ги очекува реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити.

 

 

 

Се вчитува...