50 мерки за штедење: ЛОИ во Токио скратени за 250 милиони евра

Олимписките игри во Токио следната година ќе бидат за 250 милиони евра поевтини од претходно предвиденото. Организаторот ги објави мерките со кои драстично ќе бидат намалени трошоците за Игрите. Направени се повеќе од 50 модификации благодарение на кои Организацискиот комитет ќе заштеди значителна сума. На ваквиот чекор беше принуден поради одложувањето на ЛОИ за една година кое беше предизвикано од светската пандемија на коронавирусот.

Во март беше донесена одлуката со која наместо минатот лето Игрите ќе се одржат од 23, јули до 8, август 2021 година. Минатиот месец, јапонската министерка за спорт, Сеико Хашимото изјави дека Игрите мора да бидат одржани во 2021 година „по секоја цена“. Од Интернационалниот олимписки комитет пак потврдија дека Игрите ќе се одржат и ако проблемите со COVID-19 не бидат решени.

Се вчитува...