“Кралевите” го освоија и Монако

Кошаркарите на Реал Мадрид славеа по продолжение на дуелот против Монако со 84-90 во 21. коло од Евролигата.

Во крајно израмнет натпревар, низ интересен последен период од играта кој заврши со само 9-10 за „кралевите“, на крајот пресуди продолжението на мечот во кое поуспешни беа гостите.

Најефикасен во домашниот тим беше Двејн Бејкон со постигнати 21 поен, додека кај Реал Мадрид се издвои Гершон со 22 поени.

Во првиот денешен натпревар од Евролигата, ЦСКА Москва славеше на гостувањето против Уникс Казан со 75-86.

Се вчитува...