Шведска подобра од Франција, си резервираше финале со Шпанија

Репрезентацијата на Шведска е вториот финалист на Европското првенство 2022 откако во втората полуфинална пресметка славеше против Франција со 33-34.

Одличен старт на мечот имаше Франција, веќе по само шест минути игра доаѓајќи до предност од 5-1. Сето тоа се одржуваше кратко па Швеѓаните ја презедоа иницијативата за предност од 14-17 на полувремето.

Во вториот дел, продолжи максималното издание на Швеѓаните кои рутински ја одржуваа предноста и покрај тоа што Французите во неколку наврати се обидуваа да дојдат до пресврт.

Шведска во финалето на ЕВРО 2022 ќе се соочи со Шпанија која во првото полуфинале ја победи Данска.

Се вчитува...