Катерина Ацевска е прва на светската ранг листа во џиу-џицу

Македонскиот спорт бележи историски резултат откако џиу-џицу натпреварувачката Катерина Ацевска и официјално се искачи на првото место на светската ранг-листа во сениорска конкуренција, во категоријата над 70 килограми.

Ацевска успеа да ја надмине силната глобална конкуренција од околу 70 елитни натпреварувачки кои доаѓаат од 30 различни држави ширум светот. Со овој подвиг, младата македонска репрезентативка испиша нови златни страници во домашната спортска историја и донесе уште едно големо меѓународно признание за Македонија.

„Овој резултат доаѓа по 15 години напорна работа и посветеност, многу вложување и многу откажување. Многу пролеана пот и крв, многу тренинг кампови, повреди, неправди, непреспиени ноќи и финансиски тешкотии. Една цела младост. Ова е резултат на бројни турнири, медали од светски и европски првенства, Гранд При и Балкански натпреварувања. Не застануваме тука – ќе се обидеме да го задржиме првото место што е можно подолго. Ова е голем мотив, но и обврска да продолжиме уште посилно“, порачуваат од федерацијата.

Се вчитува...