Трикратниот светски шампион Ѓорѓиев добива поддршка од ИНБОКС

Поддршка од најдобрите за најдобрите. Електронски центар за управување со податоци и документи ИНБОКС никогаш не ги заборава врвните македонски спортисти.

Токму во таа насока е и новата поддршка за трикратниот светски шампион во бокс, Димитар Ѓорѓиев со кого е потпишан договор за материјална и логистичка поддршка…

„Нашата заедничка карактеристика е нашиот вредносен систем. Високо поставени цели, посветеност и исклучителни резултати. Ние застануваме во материјална и логистичка поддршка на трикратниот светски шампион Димитар затоа што исклучителните резултати и светски титули не доаѓаат природно, спонтано или наследно! Тие се последица на талент, многу напорна работа и исклучителна посветеност во тоа што е поставено како цел“ – истакна основачот и претседател на ИНБОХ, Стојче Тасков притоа дополнувајќи:

„А целите се поставени високо и истите се остварени. Резултатите што ги постигнува Димитар се доказ дека се што од срце се сака и работи е возможно да се постигне, тоа треба да биде инспирација за сите млади луге без разлика дали се спортисти или бизнис професионалци да поставуваат високи цели, да бидат фокусирани и посветени на остварувањето на тие цели. Преку исклучителните резултати на секој од нас се создава подобро општество за сите.“

dimitar gjorgiev 2

Благодарност до ИНБОКС (www.inbox.com.mk) искажа и Димитар Ѓорѓиев кој не го крие задоволството од соработката која ја има со една од најдобрите домашни компании…

„Секако дека значајни за нас спортистите се компаниите и поединците кои го препознаваат квалитетот. Една од нив е ИНБОКС која несебично дава поддршка за врвните спортисти. Искрено се надевам дека и во иднина ќе ја оправдам нивната доверба“ – вели Ѓорѓиев.

dimitar gjorgiev 3

Се вчитува...