Процесот против долгогодишниот доктор на американсата гимнастичка репрезенатција, Лари Насар, обвинет, па потоа и осуден за сексуално злоставување малолетнички, отвори многу мрачни тајни на американскиот спорт.
Една од жртвите на докторот-педофил била и двојната олимписка и три пати светска шампионка, Макајла Марони. Таа откри дека во декември минатата година морала да потпише договор со Гимнастичката федерација на САД дека ќе молчи за се што доживеала во односот со Насар. Нејзиниот адвокат Џон Манли потврди дека Марони под притисок морала да го потпише договорот.
„Мојата клиентка беше психолошки ранлива и целосно уништена. Чениците на националната федерација тоа го искористи и под голем притисок ја принудиле да го потпише документот со кој се обврзува на молк. Таа била емотивно скршена, а единствена цел била да се скијат злоделата што ги правел Насар. Марони со години се бори со демоните и одлучи да преземе чекор“ – изјави Манли.
Американските медиуми наведуваат дека Марони (22) како компензација за договорот требала да добие 1,25 милиони долари, што таа подооцна го одбила.
Мекајла Марони поднела тужба до судот во Лос Анџелес против Гимнастичката федерација на САД,. Против олимпискиот комитет на САД и против Универзитетот Мичиген на кој Насар исто така работел со млади гимнастичарки.
„Сите тие биле подготвени да го жртвуваат здравјето на една од најдобрите гимнастичарки во светот за да го заштитат докторот-педофил“ – истакнува адвокатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА