Ѓорѓи Ѓоргиев во четврт-финалето од Челинџ купот

Одбојкарскиот репрезентативец на Македонија, Ѓорги Ѓоргиев, продолжува со добрите настапи во дресот на турскиот прволигаш Мили Пјанго. Откако изминатиот викенд стигна до финалето од Купот на Турција, Ѓоргиев синоќа имаше успешен настап и во европските натпреварувања, откако обезбеди пласман во четврт-финалето од Челинџ купот.

Мили Пјанго за противник ја имаше Жилина од Словачка, но турскиот клуб рутински ја одработе задачата триумфирајќи со 3-0 во сетови (25-16, 25-16, 26-24). Ѓоргиев како техничар беспрекорно си ја заврши работата, одлично организирајќи ги нападите на својот тим.

Следен предизвик за македонскиот репрезентативец и неговиот клуб ќе бидат четвртфиналните пресметки со белорускиот претставник Строител Минск.

Се вчитува...