Светската антидопинг агенција (ВАДА) до меѓународните спортски федерации ги испрати имињата на 300 активни руски спортисти осомничени за употреба на допинг. ВАДА ги доби овие информации преку електорнската евиденција од базата на податоци на Руската антидопинг агенција, кои руските власти ги држеле во тајност.
Се верува дека позитивните тестови од овие 300 спортисти од зимските и од летните олимписки игри, направени во периодот од 2012 до 2015 година биле заведени како „негативни“. Првично се претпоставуваше дека на овој список има 10.000 имиња, но сега таа бројка е намалена.
Дел од осомничените спортисти може да учествуваат на претстојните Зимски олимписки игри во 2018 во Пјонгчанг.
На 12 декември Рускиот олимписки комитет донесе одлука да не ги бојкотира Игрите и дека ќе ги поддржи „чистите“ руски спортисти кои ќе одлучат да се натпреваруваат како „неутрални“ под олимписко знаме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА