Поранешниот доктор на гимнастичката репрезентација на САД, Лари Насар (54) осуден е на 60 години затвор поради сексуално злоставување на гимнастичарките и детска порнографија. Окружниот судија во Мичиген во образложението на казната рече дека Насар ја користел својата позиција како долгогодишен доктор на американската репрезентација и професор на Мичиген Стејт Универзитетот, за сексуални напади на млади жени што ги спроведувал со децении.
Насар се изјасни за виновен по обвинението за прибирање и за поседување детска порнографија како и за уништување на докази. Тој се изјазни виновен и за сексуално злоставување на млади жени кои биле на медицинска нега. Многу од 125 жени кои поднеле обвинение против него биле помлади од 13 години.
Меѓу злоставуваните девојки жртви на докторот, е и олимписката шампионка Меккајла Марони која Насар ја злоставувал седум години, се додека минатата година не ја напушти гимнастиката. Злоставувањето се случувало на разни натпреварувања, вклучувајќи ги и Олимписките игри во Лондон во 2012 година, каде Марони освои златен и сребрен медал.
„Почна кога имав 13 години во еден од моите први тренинг кампови во Тексас и не заврши додека не го напуштив спортот. Тој ја злоупотреби мојата доверба, го злоставуваше моето тело и остави лузни на мојата психа“ – изјави американската олимпијка.
Меѓу девојките кои преживувале ужас од докторот на репрезентацијата биле и освојувачката на бронзен медал од ОИ во Сиднеј, Џејми Дејнчнер, американската шампионка Џесика Хауард и нејзината репрезентативна колешка Џенет Антолин.
Лари Насар како доктор на американската репрезентација учествуваше на четири Олимписки игри. Цивилната тужба ја терети и Американската гимнастичка федерација за прикривање на овој случај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА