Американската скијачка Линдзи Вон беше најголема фаворитка за првото место на спустот во Лејк Луис, но доживеа страшен пад на оваа трка. Со голема брзина таа се заби во заштитната ограда, и за среќа помина без посериозни повреди. Таа самата стана на нозе и се спушти до целната рамнина.
„Мојата баба добро ми велеше, треба да се спријателам со болката, затоа што ќе ме следи цел живот. Сега сме најдобри пријатели. Таков е животот, денеска паднав, а веќе утре ќе возам уште побрзо и ќе го бркам првото место“, изјави Линдзи Вон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА