Британскиот бокер Ентони Џошуа има свој спортски идол во швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер. Џошуа е носител на шампионските титули во ВБА, ИБФ и ИБО и со меч против Донте Вајлдер, Џозеф Паркер или Тајсон Фјури, би бил најдобар боксер во супертешка категорија во светот.
„Знам дека треба да „играм игра“ ако сакам да создадам свое наследство. Можам се да добијам и се да загубам. Никогаш не сум ја играл таа улога. Порано бев среќен и со тоа што сум дел од боксерскиот свет и мојата мисла беше до каде и да стигнам, подобар сум отколку на почетокот“ – вели Џошуа.
Британскиот боксер дојде во фокусот на јавноста со победата над Владимир Кличко. Тој триумф му отвори нови перспективи и ги зголеми неговите амбиции.
„Никогаш немав време да гледам наназад. Сега сакам да оставам трага, да создадам своја приказна и да бидам меѓу легендите како што е Роџер Федерер. Ако сакам да бидам како него, морам да се однесувам на вистинскиот начин. Би сакал да бидам како Кристијано Роналдо или како Лео Меси, уште повеќе како Роџер Федерер. На тоа ниво сакам да го донесам својот бокс. Во оваа индустрија има многу кловнови, љубомора и негативност и тоа сакам да го избегнам“ – истакнува Ентони Џошуа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА