Загаденоста на воздухот е сериозен глобален проблем, па дел од натпреварувачите на маратонот во Њу Делхи се појавија на трката носејќи маски.
„Трчањето е за на воздух, но воздухот е ПРЕМНОГУ загаден“ – имаше напишано еден од натпреварувачите на својот грб.
За наша среќа, скопскиот маратон се одржува во мај, кога загадувањето на воздухот е на ниско ниво, но мора да се преземат соодветни мерки за овој проблем да биде решен и во зимските месеци. Сигурно никој не сака вакви фотографии да се појават и за еден од најзначајните спортски настани што се одржуваат во нашата земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА