Четирикратниот олимписки шампион, Мо Фара, вчера беше специјален гостин во Бакингамската палата, каде што беше прогласен за витез на Британската Империја од кралицата Елизабета Втора. Атлетичарот кој освои златни медали на трките на 5.000 метри и 10.000 метри на Олимписките Игри во Лондон во 2012 и во Рио во 2016 година, вели дека тоа е неговото најголемо животно достигнување.
„Ова е неверојатно за осумгодишното момче кое дојде од Сомалија и не знаеше ниту еден збор англиски“, изјави Фара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА