Еден од најдобрите светски атлетичари, Вејд ван Никерк од Јужна Африка, го очекува долга пауза од атлетските патеки по тешката повреда на коленото што ја заработи пред неколку дена. Ван Никерк е двоен светски и еднократен олимписки првак на 400 метри, еден од оние атлетичари кои се на прагот целосно да го преземат фокусот врз себе по пензионирањето на Болт, но Јужноафриканецот сега ќе мора да го пропушти стартот на наредната натпреварувачка сезона.
Тој се повредил играјќи рагби на „селебрити дуел“ меѓу Јужна Африка и Нов Зеланд, а деталните прегледи покажале дека станува збор за оштетување на менискусот, како и кинење на вкрстените лигаменти. Врз него во следните денови ќе биде извршен хируршки зафат, по што ќе следи пауза меѓу шест и девет месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА