Трет пораз во шест натпревари. Работнички се врати на арената „Филип Втори“, но им се врати и на поразите, а денешниот против Академија Пандев (1-2) може да биде и пресуден за шефот на стручниот штаб Виктор Треневски. И покрај многуте проблеми со повредените фудбалери, и „реновирањето“ на составот ова лето, сепак, досегашните резултати на Работнички се далеку под очекувањата.
Кога е така, секогаш прв на удар е тренерот. Прашање е дали Виктор Треневски и следниот меч ќе го предводи Работнички од клупата…
[new_royalslider id=”784″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА