„Машината“ Барди: И со најмногу истрчани километри на мечот и со најголеми овации!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди без сомнени се издвои како еден од најдобрите поединци во синоќешната победа на Леванте од 3-0 против Реал Сосиедад.

Покрај извонредниот погодок од слободен удар во 88. минута, за кој не треба да се трошат зборови, Барди се издвои и согласно статистичките показатели на теренот.

Македонскиот фудбалер беше со најголема истрчана километража на теренот на синоќешниот дуел, заокружувајќи 12,1 километри за 90 минути.

print skrin Bardi

Претходно, откако Иви, пак, се намести да го изведе слободниот удар, мораше да се повлече по скандирањето „Барди, Барди…“, од страна на навивачите на Леванте… И на крајот Енис Барди им се заблагодари со нова мајсторија.

Се вчитува...