Елмас, сепак, до јануари ќе може да игра само за младинскиот тим на Фенербахче

И покрај тоа што од Фенербахче не излегоа со комплетна информација за статусот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас потврдувајќи само дека добиена е дозвола за регистрација на еден од најголемите наши таленти, сепак е јасно дека до јануари нема да има право за настап во првиот тим.

Поради тоа што беше пропуштен крајниот рок, 10. септември, за регистрација на фудбалери во Турската фудбалска федерација, Елмас оваа есен нема да има право за настап за Фенербахче во најсилната лига на Турција.

18-годишниот македонскиот фудбалер ќе може до следниот преоден рок, во јануари 2018, да игра единствено за младинскиот тим на Фенербахче за играчи до 21 година.

Во меѓувреме, без сомнение, Елиф Елмас ќе биде дел од македонските национални селекции. Се очекува да биде повикан, овој пат, во младата репрезентација на Македонија за дуелот против Србија на 5. октомври, со оглед на значењето на натпреварот околу трасирањето на нашиот пат во битката за водечките две позиции на табелата и во овој квалификациски циклус за пласман на ЕП 2019 во Италија.

Се вчитува...