Сараево по очајниот старт на сезоната во првенството на БиХ конечно влегува во посакуваниот ритам, а еден од најзаслужните за тоа Крсте Велкоски.
Сараево вечерва славеше над Широки бријег со 2-0 за својата втора победа во низа, триумф што го најави македонскиот напаѓач со прекрасен погодок. По неполни пет минути игра беше досуден слободен удар за домашниот тим, а Велкоски со извонреден удар над живиот ѕид го совлада противничкиот голман.
Sarajevo – Široki 1:0 by goloviliga
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА