Леванте по фантастичното реми на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид викендов ќе игра уште еден дерби дуел, овојпат градска пресметка со екипата на Валенсија. Енис Барди е најавен како стартер откако не настапи во Мадрид, а тренерот на Валенсија, Марселињо, изјави дека стравува од македонскиот репрезентативец во пресрет на утрешниот дуел, кој стартува во 13 часот.
„Го анализиравме противникот, кој знае да биде опасен од прекини, особено при слободните удари на Барди. Тој шутира неверојатно прецизно, мојата сугестија до фудбалерите е да не прават прекршоци во опасната зона бидејќи тоа може да биде многу опасно за нас“ – изјави Марселињо во пресрет на дуелот со Леванте.
Барди постигна четири евроголови од слободен удар по летниот трансфер во Леванте, од кои еден во Примера дивизион, на мечот со Ла Коруња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА