Кениецот Бивот и Црногорката Перуничиќ победници на Охридскиот маратон „Влатко Димитров“

Кениецот Виклиф Бивот и Црногорката Слаѓана Перуничиќ се победници на 31. Интернационален атлетски маратон „Влатко Димитров“, кој се одржува во Охрид по повод денот на Независноста на Република Македонија.

Патеката долга 30 километри од Св. Наум до градскиот плоштад во Охрид, кенискиот атлетичар ја истрча за 1 час, 49 минути и 19 секунди, пред Унгарецот Тамаш Наги, додека третата позиција му припадна на Зилир Рутхани од Косово. Најдобар македонски маратонец беше Кокан Ајановски со време од 1:53.12 часа, пласирајќи се на четвртото место во вкупен пласман.

„Навистина чудна трка затоа што има многу разновидна патека која е навистина тешка. Но, токму тоа ме прави уште погорд што победив во моето прво учество во Охрид“ – истакна Бивот по победата.

Перуничиќ, пак, маратонот го истрча со време од 1 час, 55 минути и 52 секунди, Ана Суботиќ од Србија и Андријана Поп-Арсова од Македонија.

????????????????????????????????????

„Пресреќна сум затоа што искрено не очекував дека ќе победам. Уште помалку очекував дека ќе го соборам државниот рекорд во Црна Гора за цели две минути. Маратонот во Охрид ми беше генерална проба за маратонот во Загреб на кој ќе борам за пласман на Олимпијадата во Токио“ – рече Перуничиќ по трката.

Како дел од Интернационалниот маратон се одржа и мал маратон на 5 километри – „Независна трка“. Прв целта во машка конкуренција ја мина Атанас Танчевски, а во женска конкуренција триумфираше Бојана Наумоска.

РЕЗУЛТАТИ – ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН МАРАТОН „ВЛАТКО ДИМИТРОВ“Атлетски маратон 30 км:МАЖИ: 1. Виклиф Бивот (1.49.19), 2. Тамаш Наги (1.49.16), 3. Зилир Рутхани (1.51.25).ЖЕНИ: 1. Слаѓана Перуниќиќ (1.55.52), 2. Ана Суботиќ (2.03.21), 3. Андрија Поп-Арсова (2.16.30)

????????????????????????????????????
Независна трка 5 км:
МАЖИ: 1. Атанас Танчески, 2. Кристијан Наумоски, 3. Мики ПопоскиЖЕНИ: 1. Бојана Наумоска, 2. Ивана Кипријаноска, 3. Драгана УсовиќФОТО: www.ohridnews.com.mk

Се вчитува...