Атомска одбојка, Русија е европски првак

Одбојкарската репрезентација на Русија го освои првото место и златниот медал на Европското првенство во Полска, откако во неверојатно возбудливото финале ја совлада Германија со 3-2 во сетови. Русите важеа за големи фаворити, но имаа одличен ривал во Германија, која не се предаваше се до самиот крај. Се играше атомска одбојка, а Русија славеше во петтиот сет, со 15-13, за конечен триумф.

Првиот сет го доби Русија со 25-19, но во вториот возвратија Германија со 25-20. Русија повторно дојде до предност од еден сет земајќи го третиот со 25-22, но Германците беа супериорни во четвртиот (17-25). Неизвесноста траеше до самиот крај, а на крајот сепак „за влакно“ победија Русите, за нова европска титула.

 

Се вчитува...