Секој детаљ, секое подавање на топката е предмет на истражување на страсните навивачи и обожаватели на фудбалот. Во пресрет на новата сезона на Премиер лигата секој е спремен да ги гледа великаните на фудбалот. Типуваме и се радуваме со нетрпение очекувајќи ги дуелите на најголемите фудбалски клубови. Не секој ја има среќата да оди во Лондон или Манчестер и да ги гледа Челзи, Сити, Арсенал или Јунајтед. Но, затоа има едно место кое е незаменливо за гледање на овие натпревари, пред телевизорот, сами или со пријателите. Телевизорот ќе биде најзначајното нешто во претстојниот период и затоа е време старите работи да се сменат. Постојат неколку прашања кои треба да си ги поставите за да го изберете најдобриот телевизор за гледање на најважната споредна работа во светот, фудбалот:
- Плазма, LCD/LED или OLED
OLED иако ја поминаа развојната фаза и секоја година се нудат се подобри и квалитетни телевизори поради тоа дека сè уште се нови цените знаат да бидат превисоки. LCD и LED технологијата се докажа во минатите години и моментално со 4К резолуцијата се на врвот за најквалитетно гледање. Плазмата е застарена и со текот на годините LED технологијата се полека го зазема нејзиното место. Оваа технологија дава поголема светлина од плазмата, потенки се и немаат голема потрошувачка на струја. Изборот на LCD/LED е најсигурен додека OLED е најризичен иако на хартија има подобри перформанси. Воедно, со LCD/LED телевизорите имате убава светлина што е одлично за гледање на натпревар без разлика каде е поставен телевизорот. Можете да го наместите во дворот или внатре во некоја соба, и на отворено и на затворено екранот ќе има солидна светлина.
- Потребен ли е поголем телевизор?
Поголемото е секогаш подобро, но тоа зависи од големината на просторијата во која ќе се постави телевизорот. Ако се стави преголем телевизор во мала просторија самото човечко око нема да може да ги следи сите детали што се случуваат на теренот. Постојат неколку неофицијални правила. Телевизор до 32 инчи треба да се намести на растојание од 1.5 метри, телевизор до 39 инчи на растојание до 2 метри, до 45 инчи до 2.5 метри и 55 инчи до 3 метри. Ова сепак зависи од видот на телевизорот, неговиот производител и многу други фактори ама претставува почетна точка за тоа како да се одбере совршената големина. Не постои логика да се стави 55 инчен телевизор на 1 метар кога самите играчи ќе изгледаат поголеми од гледачот.
- Која резолуција е најдобра?
4К го надмина Full HD. Секој пиксел е со 4 пати повеќе детали за разлика од HD. Иако повеќето провајдери не се во можност и не ја достигнале технологијата константно да емитуваат во 4К сето тоа што го емитуваат изгледа далеку подобро и со повеќе детали на ваков телевизор. 4К е најдобриот избор. Вака телевизорот е подготвен за програми кои ќе се емитуваат во иднина.
Најважно од се е пред да го земете телевизорот од продавница да проверите дали ќе го собере во автомобилот затоа што никој не сака на рака да го носи до дома.
Еден од телевизорите кои ги исполнува овие перформанси и со технологија на HDR со која дава висок динамичен распон на бои за сѐ да изгледа совршено е VIVAX LED TV-43UD95SM. Кога ќе го гледате натпреварот тревата ќе ја има таа жива зелена боја, рефлекторите на стадионот ќе блескаат, а кај играчите ќе го следите секое движење. Овој ULTRA HD телевизор на VIVAX ја овозможува 4К резолуцијата и голот и снимките кои ќе ги проследите да ги има сите детали. Секој натпревар кој се продуцира во Full HD на овој Ultra HD изгледа далеку подобро отколку на други телевизори со помали резолуции. Овој телевизор има вградена SMART технологија и користи Android 5.1 оперативен систем. Со самите фабрички поставки телевизорот поседува богат пакет на апликации од Google Store, а 1.5GB RAM/8GB ROM меморијата овозможува сите апликации, пребарувањето на интернет страните и YouTube видеата да функционираат брзо и беспрекорно. Телевизорот има и nCast, верзија на Miracast, која му помага на телевизорот да се поврзе со мобилниот уред преку wi-fi конекција. Сега се што го имате на мобилниот уред или на компјутерот може да го гледате на телевизорот, секоја реприза на гол и анализа на интернет може да биде на самиот телевизор.
VIVAX е хрватски бренд и производството на телевизорите во Ругвица, недалеку од Загреб, гарантира висок квалитет на изработка. Секој телевизор кој излегува од производната лента е подложен на 100% контрола и 4 часа обемно тестирање сè со цел корисникот да е потполно сигурен во квалитетот на VIVAX.
VIVAX дава неизмерно значење на своите корисници, овозможувајќи ги сите ресурси тие да бидат среќни и задоволни од нивните производи. VIVAX оддава големо внимание и на своите партнери на кои им овозможи да го проследат Супер Куп натпреварот во Скопје, помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, од црвно жолтите трибини на националната арена „Филип Втори“. Партнерството и соработката се клучни фактори за развојот на поддршката која ја имаат кон корисниците и затоа VIVAX покрај производството на одлична технологија се грижи за секој кој е инволвиран во истата. VIVAX во секој аспект ќе биде создаден за вас.
VIVAX TV-43UD95SM е одличен спој на најмодерната технологија по пристапна цена. Во денови во кои нè очекуваат беспрекорни натпревари истиот може да се најде на продажните места на Агротехна, Техномак, АМЦ, Техномаркет и многу други по препорачана малопродажна цена на производителот од 26.999 денари. За повеќе информации може да се посети и официјалниот Фејсбук фан сајт на VIVAX Macedonia:
https://www.facebook.com/VIVAXMacedonia/
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА