Усаин Болт имаше победнички старт на СП во Лондон откако светскиот рекордер рутински ја доби својата квалификациска трка на 100 метри. Асот од Јамајка не форсираше, па времето од 10,08 секунди му беше сосема доволно за да го освои првото место во шестата квалификациска трка и да се пласира во полуфиналето.
Се очекува Болт да трча под десет секунди во полуфиналната трка закажана за утре, како најава за големото финале што ќе се трча утре од 22.45 часот, последната „стотка“ во кариерата на најбрзиот човек на планетата.
Дека сите асови си ги чуваат силите доволен доказ е што денеска само еден атлетичар ја урна границата од десет секунди, Џулијан Форте од Јамајка истрча 9,99 секунди, Кристијан Колмен од САД имаше второ најдобро време со 10,01, Џастин Гетлин дојде до полуфиналето со 10,06…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА