Чешка ќе биде значително ослабена за претстојното Европско првенство откако еден од најдобрите кошаркари на оваа селекција, Јан Весели, објави дека нема да биде дел од претстојниот континентален собир. Центарот на Фенербахче преку соопштение до јавноста ја обелодени оваа своја одлука, како причина потенцирајќи ја пренапорната сезона на клупски план.
„Нема да играм на Евробаскет 2017. По долгата и успешна сезона со Фенербахче се чувствувам изморено и физички и психички. Се оженив на крајот на јули и за мене тоа е многу важно, па сега ќе ми треба одмор. Не беше лесна одлука, но чувствувам дека немам друг избор освен да им посакам на соиграчите многу среќа на претстојниот турнир“ – порача Јан Весели.
Чешка е дел од групата Ц на Евробаскет, во која покрај домаќинот Романија се наоѓаат уште и Хрватска, Шпанија, Унгарија и Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА