Екипата на Карпош соколи ќе биде уште послаба на бековската позиција во однос на ланската сезона откако по Кендрик Пери тимот го напушти и Доминик Мавра. Американецот пред неколку дена потпиша договор со унгарски Шолнок, додека Мавра по одличната сезона во дресот на македонскиот вицешампион се сели во шпанската Ендеса лига, како член на Хувентуд.
Тимот од Бадалона беше во потрага по стартен плејмејкер, а изборот падна токму врз хрватскиот интернационалец, кој ќе биде прва опција, пред младинскиот македонски репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
Покрај Мавра и Пери, тимот на Карпош соколи веќе го напушти и Зековиќ, кој заминува во Стеауа, а вицешампионот остана и без Бојан Трајковски, кому не му беше понуден нов договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА