Шарлон Клоф се сели во шпанскиот прволигаш Мурсија

Шарлон Клоф од следната сезона ќе игра во шпанската прва лига, за екипата на Мурсија. 27-годишниот бек по една успешна сезона во дресот на МЗТ Скопје, кариерата ја продолжува во една од најсилните кошаркарски лиги во Европа.

Американецот со холандско државјанство прави голем чекор напред во кариерата. За македонскиот првак беше клучна фигура во текот на сезоната, со „Аеродромци“ успеа да ја освои лигата, а беше одбран за најкорисен играч во финалната серија против Карпош соколи. Клоф имаше просек од 13.8 поени по натпревар, пет скока и четири асистенции.

Плејмејкерот е еден од најкорисните играчи и во репрезентацијата на Холандија. На Евробаскетот во 2015 година беше носител на националниот тим, каде одигра натпревар и против нашата селекција, но не се прослави.

https://twitter.com/UCAMMurcia/status/887586925581881345

Се вчитува...