Младинскиот репрезентативец Давор Здравковски својата кариера ќе ја продолжи во кипарскиот шампионат потпишувајќи договор со прволигашот АЕЛ Лимасол.
19-годишниот фудбалер од средниот ред беше дел од младинската репрезентација на Македонија на Европското првенство во Полска, но не доби можност за настап. Треба да биде еден од носителите на новиот тим на Благоја Милевски кој од септември ги стартува квалификациите за пласман на ЕП 2019 во Италија.
Здравковски потекнува од школата на Македонија ЃП а минатата сезона беше и еден од највпечатливите меѓу ѓорчепетровци во домашната прволигашка конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА