Енис Барди во следните три години ќе го носи дресот на шпанскиот прволигаш Леванте. Македонскиот репрезентативец, како што вели, сега веќе го живее својот фудбалски сон по преселбата во една од најсилните светски фудбалски лиги.
„Трансферот во Леванте е остварување на мојот сон да играм во Шпанија. Ова е еден нов огромен предизвик за мене во кариера. Искрено верувам дека ќе ги оправдам очекувањата на многумина. Сакам да се заблагодарам на Ујпешт за досегашната соработка. Минав три одлични години во Унгарија, во клубот кој направи многу за мојата кариера и тоа никогаш нема да го заборавам. Но, сега е време за една нова страница во Леванте“ – истакна Барди за ЕКИПА по денешното потпишување на договорот со шпанскиот прволигаш.
22-годишниот Барди, официјалната промоција пред шпанските медиуми ќе ја има утре во Валенсија од 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА