Алиоски: Од мал сонував да играм во Англија…

Езгјан Алиоски не го криеше задоволството од реализираниот трансфер во Лидс јунајтед, за кој тврди дека му е исполнување на сонот, со оглед на желбата да игра фудбал во Англија.

Среќен сум што дојдов овде, не беше лесно да се комплетира овој трансфер, но успеавме и среќен сум. Имав многу понуди, но отсекогаш сонував да играм во Англија и затоа дојдов овде. Лидс е голем клуб, со богата традиција и бројни навивачи, чувството е фантастично да се знае дека сум дел од овој клуб. Дојдов за да оствариме добри резултати, зошто да не и да заиграме во Премиер-лигата“ – изјави Алиоски во првото интервју за клупската телевизија на Лидс јунајтед.

Тој е свесен дека битката за влез во Премиер-лигата ќе биде исклучително тешка, но верува дека Лидс ќе има капацитет да се вклучи во неа.

Забележително е дека клубот има потенцијал, има и желба да се врати во Премиер-лигата. Имаше добра екипа и минатата сезона, сега дополнително се засилува. Секој сака да влезе во елитното друштво, верувам дека со малку среќа, со новиот тренер и новите играчи, можеме да се радуваме на таков голем успех“ – оптимист е Македонецот.

alioski vo lids

Интервјуто завршува со барање на новинарот од Алиоски да се опише себе си како играч, што можат навивачите на Лидс да очекуваат од него.

Јас сум играч кој може да настапува на сите позици, но најдобро се чувствувам како десно крило. По потреба можам да играм и како напаѓач. Многу сакам да давам голови, верувам дека ќе го правам тоа и за мојот нов клуб. Едвај чекам да се запознаам со соиграчите, да почнам со работа и да дојде стартот на сезоната“ – истакна Алиоски.

Се вчитува...