Швајцарскиот клуб Лугано се уште не дава дозвола за македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски да направи трансфер во редовите на англискиот тим Лидс јунајтед. Според медиумите на Островот, Лидс јунајтед се уште нема најдено заеднички јазик околу висината на отштетата што ќе ја добие Лугано за трансферот на крилниот фудбалер.
Изминатите денови англиските медиуми го најавија како сигурно доаѓањето на Езгјан Алиоски во Лидс јунајтед. Но, никако да се случи финалниот чекор, тој да пристигне на медицински прегледи и да потпише договор со новиот клуб. Најновите информации велат дека преговорите се интензивирани, но се уште нема конечен договор. Се очекува сепак тоа да се случи многу брзо и Алиоски да стави потпис за англискиот тим.
Покрај Лидс јунајтед, за Езгјан Алиоски има интерес и од Базел, Аталанта, Херта и Штутгарт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА