Борусија Дортмунд во трка за Елиф Елмас: Тој со играта наликува на Зинедин Зидан

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд застана во редот на клубовите кои се сериозно ангажирани за ангажман на македонскиот вундеркинд Елиф Елмас. Интересно, медиумите во Германија карактеристиките го споредуваат со еден од најголемите фудбалери во историјата, сегашниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Елмас со свои 17 години го имаше своето деби во А-репрезентацијата на Македонија на квалификацискиот меч против Шпанија, а потоа беше дел и од младата селекција до 21 година која настапи на Европското првенство во Полска. Минатата сезона беше еден од носителите на играта на Работнички, а ова лето речиси сигурно ќе направи голем трансфер за македонски услови.

За него се интересираат Галатасарај, Трабзонспор, Лас Палмас, има потпишано преддоговор со Херенвен, а се споменуваат дури и Манчестер сити и Бенфика. Најновиот гигант во веќе долгиот ред за Елиф Елмас е Борусија Дортмунд!

elif elmas borusija dortmund

Се вчитува...