Екипата на Твенте денеска и официјално го промовираше младинскиот македонски репрезентативец Никола Ѓорѓев како своето најново засилување за следната сезона. Талентираниот 19-годишен офанзивец доаѓа на двогодишна позајмица од редовите на Грасхоперс, со можност Твенте потоа целосно да го откупи неговиот договор со швајцарскиот прволигаш.
Ѓорѓев не го криеше задоволството од реализацијата на овој трансфер, кој ќе претставува чекор напред во неговата кариера.
„Овој трансфер е прекрасно ново поглавје во мојата кариера. Почнав како млад играч во првиот тим на Грасхоперс, сега добивам шанса да играм во поголема лига. Се чувствувам подготвен, Твенте ми е чекор напред во кариерата“ – изјави Ѓорѓев.
Никола Ѓорѓев настапи за младинската репрезентација на Македонија на Европското Првенство во Полска, при што постигна и еден гол, при ремито со Србија од 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА