Стефан Ристовски работи напорно на подготовките со Ријека и ќе настапува за овој тим во квалификациите за ЛШ, но речиси сигурно е дека десниот бек до крајот на летово ќе замине во некој поголем клуб. Квалитетите на Ристовски се добро познати, интерес постои од клубови од неколку земји ширум Европа, но во преден план се наоѓа калчолигашот Лацио.
Римскиот клуб уште пред неколку месеци искажа интерес за македонскиот репрезентативец, а последните информации велат дека „лацијалите“ не се откажуваат, туку подготвуваат понуда што очекуваат да биде прифатена во следниот период. Сумата од 2,5 милиони евра што газдата на Специја и на Ријека (исто лице, кое поседува мнозински пакет и во двата клуба) не е проблем за Клаудио Лотито, кој за евтин трансфер за европски услови би добил квалитетен офанзивен десен бек.
Сериозен интерес за македонскиот репрезентативец искажува и Џенова, но Лацио е во преден план и поради фактот дека Ристовски би сакал да биде дел од поамбициозен клуб, со кој би настапувал и во европските купови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА