Стефан Ристовски потпишува двегодишен договор со Ријека!

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски и во следните две години ќе го носи дресот на хрватскиот шампион Ријека.

Според нашите информации, веќе во завршна фаза се разговорите меѓу раководството на Ријека и македонскиот фудбалер кои треба да се заокружат деновиве со официјално потпишување договор за идна двегодишна меѓусебна соработка. Со тоа Ристовски и официјално ќе стане член на Ријека.

Инаку, вечерва завршува позајмицата од италијанската Специја на Стефан Ристовски во хрватскиот клуб. Но, со оглед на извонредната форма која ја демонстрираше во сезоната 2016/2017, издвојувајќи се како еден од најзаслужните фудбалери на тимот за двојната круна во Хрватска, челниците на Ријека се одлучија комплетно да го откупат неговиот договор од Специја и во следните две години македонскиот репрезентативец дефинитивно да остане член на шампионот.

Деновиве останува да се допрецизираат деталите пред да следат официјалните информации околу иднината на Ристовски.

Се вчитува...