Фудбалерот од средниот ред на Шкупи, Бујамин Асани својата кариера ја продолжува во Романија, потпишувајќи двегодишен договор со второлигашот УТА Арад.
По четири години минати во редовите на Шкупи, 28-годишниот Асани се одлучи за интернационална кариера прифаќајќи ја понудата на амбициозниот Арад кој изминатава сезона не успеа да се пласира во Првата лига откако во баражот за влез во елитата загуби од Поли Темишвар.
„Прифатив понуда на амбициозен клуб кој има проект за влез во прволигашкото друштво следната сезона. Сакам да се заблагодарам на Шкупи за досегашната соработка, и поддршката за мојот фудбалски развој изминативе четири години“ – вели Асани.
Во редовите на Арад настапува уште еден македонски интернационалец, 23-годишниот дефанзивец Мевлан Адили кој претходно играше за Шкендија и за Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА