Швајцарскиот шампион Базел, сепак, би можел да биде новата фудбалска дестинација на македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски.
И покрај тоа што, поголемиот дел од англиските медиуми веќе го најавија чемпионшиплигашот Лидс јунајтед како нова средина на Алиоски, сега се тврди дека и покрај интересот на Англичаните во игра во последен момент влетал еден од најдобрите швајцарски клубови Базел.
А, шампионот на Швајцарија дефинитивно е во предност во однос на Лидс пред се и поради желбата на Алиоски кариерата да ја продолжи во земјата во која и фудбалски стартуваше.
Базел на доминантен начин ја освои титулата во Швајцарија изминатава сезона, а во новата го очекува и настапот во Лигата на европските шампиони. Настап во ЛШ е токму и предизвикот за Езгијан Алиоски кој повеќе го привлекува за трансфер во редовите на Базел.
Во моментов, како што е познато, Алиоски ги одработува тренинзите со својот досегашен клуб Лугано, но сосема е јасно дека ова лето ќе добие нов клуб. Веќе се тврди дека наредниве денови ќе биде обелоденето името на неговиот нов клуб. А, сега тоа е – Базел!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА