Крсте Велкоски се врати во Сараево: За овој клуб ме врзуваат прекрасни спомени

Македонскиот фудбалски интернационалец Крсте Велкоски се врати во Сараево, клубот за кој настапуваше во периодот од 2014 до 2016 година и замина во Јужна Кореја, а потоа и на Тајланд. Сега повторно се обврза на верност кон тимот со „бордо боја“.

„Пресреќен сум што се враќам во тимот на Сараево. Се чувствувам како и никогаш да не сум заминал. Со Сараево освоив два трофеи, тука ги пружив најдобрите партии во кариерата, ова е клуб за кој ме врзуваат прекрасни спомени. По играњето во Азија, моја желба беше да се вратам во Европа, а со Сараево водевме преговори за враќање уште во зимскиот преоден рок“, изјави Крсте Велкоски.

Тој во изминатиот период беше член на тајландскиот клуб Након Рачасима, за кој одигра 17 натпревари и постигна три гола.

 

Се вчитува...