Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски е пред промена на фудбалската средина ова лето. Според се погласните шпекулации, Алиоски се очекува својата кариера да ја продолжи во Англија или во Германија, но засега се уште нема поконкретно навестување на новиот клуб и покрај тоа што англискиот чемпионшиплигаш Лидс јунајтед е најзагреан за неговите услуги.
Па, во очекување на трансферот, Алиоски се врати на тренинзите на швајцарскиот Лугано… И во редовите на швајцарскиот прволигаш се свесни дека македонскиот офанзивец е пред заминување на клубот, но како што вели и тренерот на клубот, не би имал ништо против Алиоски и следната сезона да остане во клубот иако ќе биде тешко да се задржи…
In attesa della cessione da oggi #Alioski si tiene in forma con il @FCLugano1908 pic.twitter.com/5XtjqER6EB
— Patrick Della Valle (@p_dellavalle) June 27, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА