Сосема очекувано, за време на презентирањето на амбициите за дебитантската прволигашка сезона на својот клуб Академија Пандев, неизбежни беа прашањата за најдобриот македонскиот фудбалер Горан Пандев и околу продолжувањето на неговата кариера.
Пандев го заврши договорот со Џенова, а како што вели неговата интенција ќе биде да остане и ја заврши кариерата во Италија.
„Секако мора да размислувам околу мојата фудбалска иднина. Посебно кога сте на 34 години. Не кријам дека мојата желба е да ја завршам кариерата во Италија, иако има понуди од Кина, Јапонија, Турција, Полска… Сите тие понуди се отворени на маса, но јас пред се гледам да останам во Италија каде и моето семејство е веќе адаптирано на целокупниот живот. Како и да е, не сакам да избрзувам, а во текот на следниот месец ќе биде позната мојата следна дестинација“ – ни изјави Горан Пандев.
Најдобриот македонски фудбалер, како што е познато, најславните свои фудбалски денови ги мина токму на Апенинскиот полуостров во дресвите на Лацио, Интер и Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА