Селекцијата на МЗТ Скопје Аеродром за играчи до 19 години и официјално се пријави за настап во новоформираната јуниорска лига на АБА, која се очекува да стартува во текот на претстојната сезона.
Тоа ќе биде одлична можност за талентите од клубот од скопската населба Аеродром да ги одмерат силите со најдобрите врсници од просторот на поранешна СФР Југославија и да одиграат 10-14 натпревари преку кои ќе добијат шанса за надградба и напредок. Засега не е дефиниран принципот според кој ќе играат јуниорските тимови, но тоа најверојатно ќе биде со поделба во две групи и со играње секој со секого на два турнири кои ќе бидат одиграни на различни места.
Конечниот број екипи што ќе учествуваат во новата У-19 лига на АБА ќе биде познат на почетокот од следниот месец, по што ќе биде објавен изгледот на групите и начинот на кој ќе се игра. МЗТ Скопје Аеродром воедно изрази желба и подготвеност да биде домаќин на еден од турнирите во групната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА