ЕКИПА во Бидгошч
Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски
Тој е момче за сите селекции. Нема ниту 18 години, а веќе дебитираше за А-тимот, и покажува врвна класа кога игра за младата фудбалска репрезентација до 21 година. Влезе од клупата за резерви во вториот дел, и веднаш го ’размрда’ нашиот тим. Одработи за пенал, асистираше, проигруваше…Треба да биде и стартер, дефинитивно.
„Мора да бидеме задоволни. Одигравме добар натпревар, посебно во второто полувреме, кога ги надигравме Србите. Но, ете, на крајот ни избега триумфот. За тоа навистина треба да жалиме. Но, најважно е што покажавме карактер и дека знаеме да играме фудбал. Сега победата избега, другпат ќе ни се врати. Одиме на победа и против Португалија“, порачува Ељиф Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА