Проблем за Италија: Барњани не игра на Евробаскет

Италијанската репрезентација ќе биде значително ослабена на претстојното Европско Првенство, откако Андреа Барњани објави дека нема да настапи за „аѕурите“ на континенталниот собир. Барњани ја стартуваше сезоната во шпанскиот прволигаш Басконија, но по неколкуте повреди потоа го раскина договорот со оваа екипа. Токму затоа Италијанецот реши да го искористи летово за максимално да се подготви за предизвиците во следната сезона, што ќе значи пропуштање на репрезентативните обврски.

Годината зад мене беше крајно комплексна, планот за целосна рехабилитација ќе трае подолго време, што ќе значи пауза од неколку месеци. За жал, тоа значи дека нема да можам да настапам за Италија во текот на летово“ – изјави Барњани.

За очекување е покрај Барњани во составот на „аѕурите“ да не се најде ниту Џентиле, кој речиси цела сезона беше надвор од натпреварувачки ритам.

Во следниот период Италијанците ќе бараат и нов селектор откако Еторе Месина објави дека по завршувањето на Евробаскет 2017 ќе го напушти кормилото на „аѕурите“.

Се вчитува...