Новиот германски бундеслигаш, тимот на Штутгарт, кој успеа да се врати во елитата, сака да го купи македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Крилниот играч на швајцарскиот клуб Лугано имаше одлична сезона, постигна 16 гола и имаше 14 асистенции, учествувајќи во повеќе од половината од головите на својот тим. Тоа го забележаа скаутите на Штутгарт, кои веќе го предложиле кај раководството на клубот како едно од можните нови засилувања.
Според германските медиуми, Штутгарт е подготвен да плати 2 милиони евра за ангажманот на Алиоски, кој има уште една година од актуелниот договор со Лугано.
Интересно е дека Алиоски пред четири години, тогаш како фудбалер на Шафхаузен, бил на проба во вториот тим на Штутгарт, и, според информациите, оставил одличен впечаток. Останува да се види дали сега ќе пристигне во првиот тим на Штутгарт како засилување при враќањето во Бундес-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА