Горан Пандев по подолга пауза доби шанса во стартниот тим на Џенова и веднаш блесна, постигнувајќи го водечкиот гол за својот тим на домашниот натпревар против Киево. Македонецот одлично се снајде по една повратна топка од левата страна, натрчувајќи и со силен и прецизен удар сместувајќи ја под гредата.За Пандев ова е втор гол во низа на домашните натпревари во рамките од Серија А, откако претходно беше стрелец и против својот поранешен клуб Лацио.Одличните игри во последно време би можеле да бидат препорака Македонецот да добие и нов договор од Џенова, со оглед на фактот дека актуелниот истекува на крајот од оваа сезона.Goran Pandev Goal Genoa 1-0 Chievo 30.04.2017 by enteritament
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА