Најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК е посветена на легендата на Вардар и македонскиот фудбал, Васил Рингов, кој на крајот од минатата година го напушти, помалку неочекувано, овој свет.
А, гостин во специјалната епизода посветена на животниот пат на Васил Рингов е истакнатиот македонски новинар и публицист, Срѓан Ивановиќ, автор токму на биографијата за фудбалската легенда – „Фудбал под сенка“, која излезе постхумно.
Меѓу бројните теми поврзани со ликот и делото на Васил Рингов, Ивановиќ раскажа и за вечната борба на еден од најславните македонски фудбалери со раководството на Вардар и желбата клубот конечно и организициски да парира на квалитетот на играчкиот кадар.
Рингов, во својата биографија, не крие дека бил разочаран од односот на Вардар и при неговото пензионирање и збогување од фудбалот….
„Кога се простуваше тој од фудбалот, вели: Од Вардер ми дадоа една топка потпишана со автограми од моите соиграчи и никаков друг подарок. Што, вика, беше типично за Вардер никогаш да не направи нешто посебно за луѓето коишто, нели, го напуштале клубот или оделе во пензија“ – раскажува Ивановиќ и дополнува:
„А вика Рингов: Не знам како, Драган Стојковиќ – Пикси дојде, тогаш на натпревар со Црвена Звезда во Скопје, првенствен натпревар, и ми донесе позлатена макета од Маракана да ми Подари. А, вика Рингов, никогаш не сум играл за Црвена Звезда, никогаш не сум имал посебни некои релации со нив. Но, ете тие разбрале дека јас ќе се пензионирам и сакале во име на клубот да ми дадат некаков подарок, чисто да ми се одолжат за годините поминати во ривалство, ништо повеќе“.
МНОГУ ПОВЕЌЕ ЗА ЦЕЛАТА ОВАА ПРИКАЗНА, И ЗА СИТЕ СЛУЧУВАЊА ЗА ВРЕМЕ НА СУДЕЊЕТО ВО СУДНИЦАТА, МОЖЕ ДА ПРОЧИТАТЕ ВО БИОГРАФИЈАТА НА ВАСИЛ РИНГОВ – „ФУДБАЛ ПОД СЕНКА“ КОЈА МОЖЕ ДА СЕ НАЈДЕ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ НА ЛИТЕРАТУРА
==================================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ ПОСВЕТЕН НА ВАСИЛ РИНГОВ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТУКА….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
