Вардарки преку Будуќност до титула во ВРХЛ лигата

Вардарки го освоија победничкиот пехар  во возобновената регионална ВРХЛ лига. Во финалето на завршниот турнир во СЦ„Јане Сандански“, Вардар славеше против Будуќност со 27-25. Ова е прва титула за женската екипа на Вардар сезонава и прва титула во новата тренерска кариера на Ирина Дибирова на клупата на македонскиот шампион.

Во натпреварот кој  за овие две екипи е свеоевидна увертира пред настапот на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите на 6 и 7 мај  во Будимпешта, и Вардар и Будуќност одиграа внимателно и без да трошат премногу сила. Вардарки наметнаа темпо и беа во резултатска предност во текот на целиот натпревар и на крај тоа го круниса со победа и со титула.

IMG_6647

Јованка Радичевиќ и Андреа Лекиќ им донесоа почетно водство на „црвено-црните“ од 2-0. Сигурна на голот беше Амандин Лејно со четири одбрани во првите пет минути од натпреварот што му овозможи на Вардар да се одржува во водство и да го диктира темпото на игра. На осум минути пред крај на првиот дел, вардарки со погодокот на Тамара Мавсар од семдерец дојдоа на +4 (12-8). Уште неколку пати потоа македонскиот шампион ја имаше оваа позитива, но Будуќност успеваше да ја стопи предноста и на полувремето го намалија водство на Вардар на 15-14.

rkvardar-rkbuducnost (5)

Брзата офанзивна игра на „црвено-црните“ на стартот од второто полувреме им донесе три гола во серија и водство од 17-14. Во ефикасна серија влезе десниот бек Александра Лакрабер кај вардарки, а Катерина Булатовиќ вообичаено држеше рамнотежа на спротивната страна кај Будуќност. Токму црногорската репрезентативка со својот седми погодок одново го донесе тимот на Будуќност на еден гол негатива (20-19) во 39.минута.

Првото изнедначување на мечот го донесен Кристина Неагу која на почетокот од последната четвртина погоди за 21-21. По почетната офанзива, вардарки влегоа во серија грешки, падна темпото на играта, а Неагу казни со својот осми погодок за прво водство на Будуќност со 21-22 во 48 минута. Конечно, во вистински момент за „црвено-црните“ погоди Барбара Лазовиќ  за ново изедначување, а веднаш потоа Лакрабер одново го врати Вардар во минимална предност (23-22).

IMG_6636

Во неизвесната завршница на натпреварот се играше гол за гол, но минималната преднст беше на страна на „црвено-црните“. Ирина Дибирова се обиде со одбрана 5-1 да го сопре нападот на Будуќност. Во нападот одново прецизна од седум метри беше Тамара Мавсар која му донесе водство на Вардар од 26-24 на пет минјути пред крај. Лејно го одбрани првиот напад на Будуќност, но во вториот обид Грбиќ беше прецизна во моментите кога Вардар беше со играч помалку (27-26). По релативно мирното прво полувреме, финалето  на ВРХЛ сепак, доби драматична завршница. Вардарки успеаја да се одбранат и да го спречат црногорскиот тим да дојде до ново изедначување во последната минута. На 54 ссекунди пред крај Вардар го искористи последниот тајм-аут, а потоа Андреа Човиќ го постигна победничкиот гол за Вардар за конечните 27-25 што им донесе титула на вардарки во ВРХЛ финалето.

Тамара Мавсар со шест гола беше најефикасна во победничкиот тим, Андреа Пенезиќ постигна пет, а Александра Лакрабер беше стрелец на четири гола. Кај Будуќност нападот го предводеа Катерина Булатовиќ и Кристина Неагу со по осум гола.

Бронзениот медал на завршниот турнир во ВРХЛ лигата му припадна на Крим Меркатор. Словенечкиот шампион во мечот за 3.место ја победи Подравка со 31-25.

Се вчитува...